Светски познатиот магазин Тајм, секоја година избира личност на годината, личност за која се смета дека имала најголемо влијание врз светските настани во текот на годината. За личност на 2011 година е избран протестирачот, кој ги претставува сите оние што ги кренаа своите гласови против авторитарните режими, против оние 1% кои ја диктираат светската економија, против сите оние кои си дозволија да ги ограничуваат и повредуваат човековите права. Од Тунис, преку Египет и Либија се до Сирија, обичниот човек одлучи да каже НЕ! на сите оние маскирани во државниот авторитет кои му ги узурпираа основните човекови права. Следеа пролетните протестите во Шпанија и Грција, поттикнати од економската ситуација на земјите. Во Њу Јорк на Вол Стрит се собраа оние кои се против економската политика која е во полза само на оние најмоќните, против оние 1%, кои очигледно заборавиле дека 99>1. Последни се протестите во Москва, каде 50.000 руси излегоа да се побунат против изборните резултати.
Никако не смееме да ги заборавиме протестите во неколку македонски градови против обидот да се прикрие убиството и убиецот на младиот Мартин Нешкоски од страна на министерството за внатрешни работи. #Протестирам покажа дека гласот на обичниот народ е најгласен и дека вистината не може да се сокрие доколку има некој кој ја бара.
Голем дел од овие настани можеби и немаше да се случат, или во најмала рака сето тоа ќе се одвиваше поспоро доколку не беа социјалните медиуми, но сепак, народот е тој што треба да ги добие најголемите заслуги.
Дами и господа, личноста на годината:

Многу ме израдува ова известување/кометар.
ReplyDeleteИ по сите сметки и пресметки и рационализирања на тие протести и случувања низ светот, не смее да се заборави дека се во општеството е човечка творба и како такво е предмет на менувања.
Напред!
Изборот е сосема на место. Немаше катче од светов кое не беше зафатено со протести. Арапскиот свет (Магреб и Арабискиот полустров), Европа, Америка, Русија, па и кај нас во Македонија. Дефинитивно 2011 е година на протести. Сите со цел за барање правда, со што може да се каже дека 2011 е своевидно продолжение не 1968, само со многу поголеми размери, димензии и распространетост.
ReplyDelete