Сакам да споделам транскрипт од дебата на тема: Состојбата на истражувањата во општествените науки во Република Македонија, одржана на 14.04.2011 во организација на Форум - центарот за стратегиски истражувања и документација и Аналитика тинк тенк.
Тоа што ме заинтригира толку многу не е содржината на говорите сами по себе, туку личностите кои ги кажуваат и од каква позиција. Со сета почит кон оние што биле дел од мојот формален едукативен процес, сметам дека дебатава е полна со изговори особено од страна на говорниците кои доаѓаат од универзитетите. Се плаче наголемо за бирократијата и старото добро „немање на капацитети“ од финансиски и материјален аспект.
Неуспехот на катедрите на Правен факултет барем, е во немањето волја од страна на професорите и асистентите да ги вклучат студентите во истражувачките проекти. Не знаат ни дури да ги искористат за такво нешто, а спречени се главно од академската суета и мотивација за монополизација на академските и истражувачките позиции во заедницата. За предавање и создавање на знаење најпрво треба да се срушат конвенционалните граници за времетраење на час, авторитарниот однос на професор кон студент, ѕидовите на личната скржавост и на ушните каналчиња кои одбиваат да слушнат студентски аргумент освен кога е на линија на лично кажаното - професорски одобрено дебатирање.
Среќна сум дека во дискусијата се потенцирани неколку точки за кои сметам дека колку побрзо ги промислиме и усвоиме толку полесно ќе си го трасираме истражувачкиот пат во овој наш локален контекст.
За почеток, размислувањата околу (не)валидноста на општествените теории и знаења базирани врз емпиријата на Западна Европа и Сад за нашата политичко- општествена реалност.
За ова Неда Коруновска од тинк-тенк Реактор ќе каже: „Клучен факт е дека навистина најмалку истражувања, најмалку податоци постојат таму каде што се најпотребни - во земјите во развој, во земјите во транзиција, во земјите кои се соочуваат со најголеми проблеми. Од друга страна концептите, конструктите и теориите кои се базирани и докажани во западниот свет не даваат резултати, односно не се применливи во нашиот контекст и на нашето подрачје и мислам дека тоа е клучниот проблем со кој ние се соочуваме, недостаток од податоци, недостаток од домашна научна литература, кој ќе ни биде појдовна основа за одговор на одредени прашања кои што ние ги поставуваме.“
Понатаму, проблемот не е толку во квантитетот и квалитетот на самото знаење што се создава, ниту пак недостигот на пари и бирократијата, колку што е недостигот на научно љубопитство.
Целата академска заедница паѓа на овој тест. Не успева кај младиот човек да стимулира научно љубопитство. Иако на оваа тема, еден професор жестоко ми се спротистави со тезата дека факултетските професори не се должни никого да заинтересираат, тие очекуваат во предавалните да работат со изградени личности кои знаат што бараат во високо образовна институција, овде се работи за системски неуспех, а не само на поединци - професори.
Се работи за духот на општеството во кое растеме и се развиваме, а во кое наголемо виорат анти-интелектуални тенденции, брза храна - брзо знаење.
Едноставно за научниците и уметниците нема изговори изречени во недостиг на пари.
Поривот и инстинктот за сознание се издигаат над „немањето“ и препреките.
Дека тоа не е идеализам, умно укажува професор Емилија Симоска од Институтот за социолошки и политичко -правни истражувања: „Она што ми е исто така жал е впечатокот на помладите колеги за отсуството на обуки, дека нема каде да стекнат обука за научно истражувачка дејност. Обука за научно истражувачка работа не постои. Ајнштајн немал обука од областа на истражувањата, тој создавал наука. Хегел и Кант и сите социолози и филозофи од кои што сме се едуцирале немале обука за наука, немале ни Интернет, го користеле она што им било достапно, па создале системи без кои ние денес не можеме да ги правиме нашите истражувања. Не е проблемот во тоа. Не е проблемот ни во процентот на истражувачка пракса кој што го има на факултетите или не. Проблемот е дали се стимулира тоа интелектуално љубопитство, кое ако се стимулира непобитно ќе го одведе субјектот во наука и без да оди на курс и без да некој му објаснува дали тоа методолошки се прави вака или онака. Самата методологија е занает, но без интелектуалното љубопитство, (се слагам дека во нашето општество системот не е особено стимулативен), ние не можеме да имаме никакви резултати.“
Исто така за нас многу важна тема е односот на политиката кон политичките истражувања и обратно. Ние како млади истражувачи треба навистина да ги испитаме можностите и опасностите од овој однос. Зборуваме за пропусливи мембрани меѓу општествената наука, идеологија и политичка пракса. Имаме амалгам на научна идеологија кој надвиснува над нашите академии и тинк тенкови, најмногу под притисокот на донаторите.
Ова прашање го покренува Дане Талевски: „Политиката од една страна е корисник и
нарачател на научните истражувања, а од друга страна е предмет на истите тие истражувања.
Секогаш мора да имаме предвид дека истражувањата можат само да помогнат во процесот на креирање на политики, но реално тие не се единствениот фактор во процесот на донесување на
одлуки. Истражувањата покажуваат што е можно да се направи, но политиката одлучува што ќе се направи.“
Ве поканувам да ја прочитате транскрипцијата па да отвориме една наша интерно -јавна дебата околу состојбите во истражувањата во општествените науки од позиција на млади истражувачи и студенти.
Повелете:
Транскрип од конференцијата на тема: Состојбата на истражувањата во општествените науки во Р. Македонија

Новите политики на Владата за масовно запишување на високообразовните установи, само по себе ќе ја прави студентската положба да биде според тезата на професорот дека факултетските професори не се должни никого да заинтересираат, тие очекуваат во предавалните да работат со изградени личности кои знаат што бараат во високо образовна институција. Денешната хиперпродукција во високото образование, самата по себе ќе доведе криза на критичката мисла и борба за наука, токму по примерот на марксовата (марксистичката) критика на капиталистичкиот начин на производство.
ReplyDelete